Аморим откри каква порака добил од Мурињо

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим потврди дека добил порака од Жозе Мурињо откако го преземал англискиот клуб.

Во периодот кога Мурињо беше тренер на Манчестер јунајтед, Аморим беше на Олд Трафорд на шестмесечна пракса како дел од добивањето на тренерска лиценца. 

Мурињо му беше ментор на Аморим, тој му е и добар пријател, па двајцата Португалци ги споредуваат.

„Добив порака од Жозе Мурињо, ми кажа дека ова е голем клуб, со љубезни луѓе и навистина е така“, вели Рубен Аморим.

Тој се надева дека ќе го има ефектот на Мурињо кога Португалецот беше во Челси.

„Јас сум различен од Мурињо, се надевам дека ќе им пренесам нешто поразлично на играчите. Различен човек сум, во поразличен момент е и фудбалот. Млад сум и ги разбирам фудбалерите, ќе го искористам тоа за да им помогнам како што тоа го правеше Мурињо со играчите во Челси“.