Јувентус ослабен во дербито против Милан

Како и што се најавуваше, Душан Влаховиќ сигурно ќе го пропушти дербито помеѓу Јувентус и Милан, потврди тренерот Тијаго Мота.

Српскиот голгетер се повреди во Лигата на Нации против Данска и нема да го предводи нападот на „старата дама“ во дуелот кој се игра утре од 18:00 часот.

Од новинарите Мота доби прашање и да ја прокоментира изјавата на Влаховиќ дека како единствен класичен напаѓач премногу се троши во одбраната и затоа му е полесно да игра за Србија.

„Верувам во своите фудбалери и знам дека ќе дадат се од себе и дефанзивно и офанзивно“, истакна Мота.

По натпреварот против Милан, Јувентус го очекува натпревар во Лигата на шампионите против Астон Вила в среда од 21:00 часот.