Мбапе ја добил „војната“ со ПСЖ
Имено, ПСЖ испрати жалба до Француската фудбалска федерација откако Мбапе побара да му биде исплатена оштета во висина од 55 милиони евра, но таа жалба како што пренесуваат француските медиуми е одбиена.Така ПСЖ ќе мора на Мбапе да му ја исплати сумата од 55 милиони евра.
Стануваше збор за бонус за лојалност кој во Париз не сакаа да му ги исплатат затоа што не го продолжи договорот. Мбапе од друга страна сметаше дека го заслужува затоа што во целост го одработил претходниот договор.