Во Италија се воведува уште еден преоден рок?

Италијанскиот фудбалски совет го прифатил предлогот на Серија А да се воведе дополнителен преоден рок во јуни следната година за клубовите да можат да регистрираат нови фудбалери за настап на Светското клупско првенство.

Светското клупско првенство кое е проширено на 32 клуба од шест конфедерации ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули следната година во САД. Со оглед на необичниот термин за одржување на турнирот јасно е дека многу клубови во своите ростери ќе имаат фудбалери со договори кои истекуваат кон крајот на јуни и тоа би претставувало проблем за учесниците.

Се уште се чека официјална потврда за овој преоден рок кој ќе биде отворен од 1 до 15 јуни и тоа наскоро треба да се случи. Активни во него ќе можат да бидат сите клубови, а не само учесниците на Светското клупско првенство.