Куртинаитис самоуверен: Ќе ве победиме и со Димитријевиќ – не му се плашиме!
Првиот натпревар, одигран синоќа во Скопје, заврши со убедлив пораз за Македонија (67-82), која настапи без својот најдобар играч, Ненад Димитријевиќ. Се очекува тој да се приклучи на тимот за реваншот во Литванија. Селекторот на литванската репрезентација, легендарниот Римас Куртинаитис, останува уверен во победа на неговиот тим, дури и доколку бидеме засилена со Димитријевиќ.
„Подготвени сме за игра и со него и без него. Тој е одличен играч, кој ќе им даде дополнителна сила, но нема да менуваме ништо. Верувам дека сме способни да ги победиме и со Димитријевиќ во тимот, не му се плашиме“ изјави Куртинаитис.
Куртинаитис, кој како кошаркар освои златен медал на Летните олимписки игри во 1988 година со репрезентацијата на СССР, очекува неговиот тим да ја задржи предноста и во реваншот и уште сега да обезбеди пласман на следниот континентален собир.