Најнесреќниот фудбалер во светот повторно се повреди

Дефанзивецот на англиската фудбаллска репрезентација и Челси, Рис Џејмс кој има 24 години доживеаа уште една повреда.

Тренерот на „сините“, Енцо Мареска потврди дека Џејмс нема да биде во комбинација за настап во натпреварот против Лестер во Премиер лигата. Како што изјави Мареска станува збор за мускулна повреда.

Џејмс го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на задната ложа, но се врати против Ливерпул минатиот месец и одигра речиси еден час во првенствениот пораз.

Исто така ги започна и натпреварите против Њукасл и Манчестер јунајтед, додека влезе од клупата за резерви против Арсенал пред репрезентативната пауза.

Од сезоната 2020/201 Џејмс надвор од терените поради повреда поминал дури 540 дена и пропуштил неверојатни 103 натпревари во последните четири ипол сезона

ПОВРЕДИТЕ НА ЏЕЈМС:

Повреда на глуждот (14 дена, 4 натпревари; сезона 20/21)
Повреда на тетивата (25 дена, 5 натпревари; 20/21)
Повреда на тетивата (49 дена, 11 натпревари; 21/22)
Недоволно подготвен (10 дена, 2 натпревари; 21/22)
Повреда на мускулите (18 дена, 5 натпревари; 21/22)
Повреда на коленото (95 дена, 16 натпревари; 22/23)
Повреда на тетивата (4 дена, 1 натпревар; 22/23)
Болест (6 дена, 1 натпревар; 22/23)
Повреда на бутот (5 дена, 0 натпревари; 22/23)
Повреда на тетивата (36 дена, 7 натпревари; 22/23)
Повреда на тетивата (54 дена, 9 натпревари; 23/24)
Операција (151 ден, 29 натпревари; 23/24)
Повреда на тетивата (66 дена, 11 натпревари; 24/25)
Мускулна повреда (активна)