Селекторот на Литванија: Не е важно како се вика нашиот противник!
На клупата на Литванците во денешниот дуел дебитира селекторот Рисмас Куртинаитис кој пристигна на Казис Максвитс. Во својата изјава пред натпреварот селекторот на Литванија истакна дека не ја познава многу Македонија, но добро ја анализирал нашата игра.
„Знам само дека Ти Џеј Шортс нема да игра. Не ги познавам многу, но од анализите дознавме на каков начин играат и отприлика кој на што е способен. Исто така, од натпреварот со Полска знам дека се добри шутери, но за тој меч, повеќе би рекол дека Полјаците одиграа лошо затоа што веќе имаат обезбеден пласман на Европското првенство како ко-домаќини. На ова ниво, не е важно како се вика нашиот противник, мораме сите добро да ги анализираме и да одиграме со максимален капацитет“ – смета Куртинаитис.
Македонија во натпреварот влегува со големи проблеми во составот и без најдобрите кошаркари (ТУКА), но проблеми во ростерот имаат и гостите.