Во Барселона подготвуваат свечена церемонија, ќе присуствува и Меси

Според најавите од Шпанија, Барселона наредниот викенд со свечена церемонија ќе обележи 125 години постоење, а специјален гостин на настанот би требало да биде Лионел Меси.

Аргентинецот го прифати повикот на клубот да биде дел од прослаата на јубилејот на еден од најголемите клубови во светот.

Меси не се прости од Барселона на најдобар начин и беше приунден да замине поради финансиската ситуација. Но, неговата љубов кон клубот е над се, па аргентинскиот ас одлучил да се појави.

Засега не е познати дали Меси ќе присуствува на натпреварот против Лас Палмас кој е на програмата в сабота на 30 ноември од 14:00 часот.

Кога се обврските на Меси во прашање тој ја заврши сезоната со Интер Мајами по елиминацијата од плеј-офот, а исто така завршени и се квалификациските натпревари во Јужна Америка, па така има слободно време кое може да го искористи за враќање во Барселона.