Сити го задржа Гвардиола, следен е - Халанд

Непосредно откако постигна согласност за нов договор со Пеп Гвардиола, раководството на Манчестер Сити почна да ги крои плановите за продолжување на соработката со најдобриот стрелец во тимот Ерлинг Халанд.

Норвежанецот има договор до 2027 година, но тоа не е доволно за челниците на Сити кои сакаат да го задржат уште 4-5 сезони во своите редови. Ако напаѓачот се согласи, за тој период ќе добие вкупно околу 100 милиони фунти и тоа без бонуси. Сан тврди дека неговата годишна плата би изнесувала околу 20 милиони фунти по сезона.

Главниот услов за Халанд да го продолжи договорот е исполнет - останување на Гвардиола кој најмалку до летото 2026 ќе го води Сити. За Халанд беше заинтересирана Барселона која сака да го донесе претстојното лето, но по се изгледа „каталонците“ ќе мораат да се задоволат со друг фудбалер во нападот.