Фудбалерите биле воодушевени: Аморим веќе добил прекар во Манчестер јунајтед
Првиот тренинг Аморим го одработи со само десетмина фудбалери поради обврските кон репрезентациите на останатите.
Во таква ситуација на тренингот биле вклучени фудбалери од академијата на Манчестер јунајтед. Неименуван извор за „Тhe Sun“ открил дека дел од фудбалерите биле воодушевени од брзото влијание кое Аморим го имал врз тимот па му го доделиле прекарот „Мурињо 2.0“.
„Аморим зборуваше дека големи тренери не успеале да го повторат успехот на Сер Алекс Фергусон затоа што живееле во неговата сенка место да го натераат тимот да игра на нивни начин. Фудбалерите беа импресионирани од неговиот пристап и работа“, објаснил изворот за британскиот медиум.
Исто така се наведува дека прекарот „Мурињо 2.0“ го добил поради големите сличности со неговиот славен сонародник.