Холифилд го предизвика Тајсон на реванш по 27 години
Холифилд во кариерата се бореше двапати против Тајсон, и тоа во 1996 и 1997 година, а сега сака и трета борба.
„Навивачите го сакаат тоа“, побара Холифилд, но Тајсон му одговори дека не планира наскоро да влезе во рингот.
Холифилд победи во двете борби, и тоа на првата со технички нокаут, додека на втората со дисквалификација на Тајсон поради тоа што го гризна за уво.