Ѓорческа доби сет со 6-0 против првата носителка, но го загуби мечот

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло од турнирот во Трнава откако загуби од првата носителка, Французинката Осиан Додин.

Во првиот сет имаше голема борба по која француската тенисерка го доби сетот со 7-5 и поведе со 1-0.

Вториот сет го доби Ѓорческа со фантастични 6-0 и се чинеше дека може да направи пресврт и да дојде до победата, но не беше така.

Кога беше најпотребно, во третиот решавачки сет Додин која е 115 на ВТА листата покажа дека е поквалитетна тенисерка, го доби сетот со 6-2 и дојде до победата.