Лудо сценарио: Сан Марино може да игра бараж за пласман на Светското првенство!

Фудбалската репрезентација на Сан Марино направи вистинско чудо откако се пласираше во Лига Ц од Лигата на нации, а сензацијата може да биде и уште поголема доколку изборат место во баражот за пласман на Светското првенство.

Селекцијата на Сан Марино важи за најлошата според резултатите од минатото. Досега има вкупно три победи, а две од нив дојдоа во овој циклус од Лигата на нации.

Тие со две победи над Лихтенштајн и едно реми против Гибралтар го освоија првото место во групата и се пласираа во Лига Ц.

Но, новиот систем на УЕФА може да ги однесе до бараж за пласман на Светското првенство. За тоа да се случи треба да нема изненадување во квалификациите и репрезентации од првиот и вториот шешир да ги освојат првите и вторите места во групите.

Ако тоа се случи, Македонија, Северна Ирска, Молдавија и Сан Марино ќе одат во баражот како победници во своите групи од Лигата на нации.