Милано има сериозни проблеми со составот за европското деби на клупата на Вардар
За новиот тренер на Вардар, Гиљермо Милано ова ќе биде европско деби на клупата на црвено-црните. Тој веќе го водеше тимот на еден меч од македонската Суперлига.
Вардар го доби убедливо мечот со Валур во Скопје, тогаш славевме со 33-26, но подоцна исландскиот тим покажа мускули кога на домашен терен ремизираше со Порто.
Македонскиот тим само со победа ќе остане во игра за второто место, а проблем за да дојде до неа ќе биде и ослабениот состав кој на располагање ќе го има Милано.
Вардар на вечерашното гостување ќе биде без пикерот Милан Лазаревски, голманот Мигел Еспиња и искусниот лев бек Вуко Борозан, во составот не се и Ален Ќосевски, Томче Стојановски, Марио Стојановски и Кристијан Стаменковиќ. Деби ќе имаат голманот Марко Богдановски и десното крило Мигел Пинто.