Доаѓањето на Виеира во Џенова може да биде проблем за Балотели!

Марио Балотели играше една сезона под водство на Патрик Виеира во Ница, двајцата немаа добра разделба, судбината сега повторно ги поврза.

Балотели неодамна како слободен играч потпиша за Џенова, а сега таму за тренер доаѓа Виеира.

„Тој не е направен за тимски спорт, за мене е многу тешко да работам со него“, изјави Виеира за Балотели додека беше во Ница.

Тогаш покус не остана ниту Балотели, па и тој излезе со изјава против Виеира.

„Никогаш немаше да ја напуштам Ница ако не беше таму Виеира“, рече Балотели.

Интересно ќе биде да се види како ќе соработуваат двајцата во Џенова.