Поранешен капитен на Арсенал седнува на клупата на Џенова!
Овој тим собра само 10 бода во првите 12 натпревари и се наоѓа во опасност од испаѓање, што доведе до промена на тренерската позиција. Виера, кој имаше извонредна фудбалска кариера, од 2011 година се фокусира на тренерската професија. Досега работел во младинскиот тим на Манчестер Сити, како и во Њујорк Сити, Ница, Кристал Палас и Стразбур.
Џенова, која неодамна го ангажира и Марио Балотели, со ангажманот на Виеира очекува да го подобри својот резултат и да го обезбеди опстанокот во лигата.