Напаѓачот на ПСЖ најави: Ќе се пензионирам на 34 години
Дембеле сезонава игра одлично и во дресот на францускиот гигант веќе постигна 12 голови на 13 натпревари и наскоро ќе дојде до бројката на голови која ја имаше постигнато минатата сезона. Французинот во цела претходна сезона постигна 13 погодоци.
Сега во гостувањето на еден подкаст откри дека неговиот план е да игра фудбал до 34 години, а најави и со што би се занимавал потоа.
„Ќе играм до својата 34. години, а потоаќ е го напуштам фудбалот и ќе се посветам на бизнисот со недвижности“, најави Дембеле.
Според најавите Дембеле ќе вложува во недвижности во Африка и Европпа, конкретно во Франција и сака кога ќе тргне во таа насока да биде целосно фокусиран.