Бетанкур жестоко казнет за изјавата дека - сите Јужнокорејци изгледаат исто!
Контроверзната изјава датира од јули, кога Бентанкур во интервју за уругвајска телевизија одговори на прашање од водителот за дрес на Хјеон Сон Мин, изјавувајќи:
„На Сони? Може ли да е од братучед на Сони, ионака сите изгледаат исто.“
Оваа забелешка предизвика остри реакции, а Фудбалската асоцијација на Англија го санкционираше Уругваецот за користење навредлив говор. Иако Хјеон Сон Мин набргу по инцидентот изјави на социјалните мрежи дека го прифаќа извинувањето на Бентанкур и верува дека изјавата не била намерно навредлива, тоа не влијаеше врз одлуката на асоцијацијата.
Суспензијата од седум натпревари не важи за европските дуели на Тотнем, но клубот најави жалба, која, сепак, нема да ја одложи примената на казната. Бентанкур досега има одиграно 15 натпревари за Спарс оваа сезона во сите натпреварувања.