Јончевски се откажа од Шортс, Димитријевиќ ќе игра само во Клаипеда!

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ќе ги започне подготовките за двомечот против Литванија од квалификациите за Евробаскетот, кој ќе „почне“ со првиот натпревар во Скопје (21 ноември), додека реваншот е три дена подоцна во Клаипеда.

Селекторот Александар Јончевски објави список со 16 кошаркари за претстојните натпревари, а кој го нема Ти-Џеј Шортс, кој не доби дозвола од евролигашот Париз за да им се приклучи на своите соиграчи. Ненад Димитријевиќ, пак, не доби дозвола од Олимпија Милано да настапи во Скопје поради обврските во Евролигата, но се очекува да ѝ се приклучи на репрезентацијата за натпреварот на теренот на противникот.

На списокот се наоѓа и Итан Хап, кој ќе биде дел од тимот, но само ако се покаже доволно здрав за престојните предизвици, со оглед што на тренинзите доаѓа по период во кој беше повреден. Јончевски дополнително го повика и Андреј Магдевски, кој веќе десетина дена не настапува за МЗТ Скопје поради повреда.

СПИСОК НА МАКЕДОНИЈА ЗА ДУЕЛИТЕ СО ЛИТВАНИЈА: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски (МЗТ Скопје), Дамјан Робев, Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски (Работнички), Страхил Николов (ТФТ), Бобан Стајиќ (Пелистер), Кристијан Николов (Џеди Осман академи,Турција), Адем Мекиќ (Бора,Косово), Лејсон Зеќири (Башкими, Косово), Итан Хап (Валенсија,Шпанија), Ненад Димитријевиќ (Олимпија Милано, Италија).