Голема победа за Ивановски во Италија – со фантастичен пресврт во третиот сет!

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со победа го почна настапот во квалификациите на турнирот од челинџер серијата во Роверето (Италија), откако денеска по голема борба и фантастичен пресврт во третиот сет го совлада францускиот натпреварувач, Алексик Гаутјер (6-3, 5-7, 4-6).

Македонецот добро го почна мечот и со брејк во четвртиот гем рутински го освои првиот сет. Противникот ја презеди иницијативата во вториот дел од мечот и со брејк во 12. гем избегна тај-брејк и изедначи во сетови. Французинот силно го почна и третиот сет, поведе со 3-1, но тоа како да го налути нашиот Калин. Македонскиот тенисер врати со четири освоени гема по ред, два на сервис на противникот и успеа да дојде до посакуваната цел – втора победа по враќањето на терените по едногодишната пауза поради повреда и операција.

Негов втор противник на патпт кон главниот дел од турнирот во Италија ќе биде романскиот тенисер, Богдан Павел, пресметка закажана за утре.