„Комити“ закажаа прес-конференција и ги повикаа директорите на Вардар: Ајде да ги расчистиме сите дилеми

Доаѓањето на новиот сопственик и изборот на новиот раководен тим не ги задоволи најзагреаните навивачи на Вардар кои се уште бараат ревизија на донесените одлуки.

Поради тоа, за утре напладне тие свикаа прес-конференција на која се надеваат и на присуство на членовите на одборот на директори.

„Во името на малцинскиот акционер во ФК Вардар АД Скопје, здружението ,,35 години Вардарци Скопје", најавуваме вонредна прес-конференција.

Истата ќе се одржи во прес-конференциската сала во СЦ. ,,Јане Сандански" во населбата Аеродром, во среда(20.11.2024), со почеток од 12:00ч. Ги покануваме сите членови на одборот на директори на ФК Вардар, исто така да присуствуваат, со цел пред целата јавност да ги разјасниме сите дилеми. Онака како што доликува!

Прес-конференцијата ќе биде од отворен карактер и затоа ги повикуваме сите медиуми, навивачи и заинтересирани лица, да присуствуваат на истата“, стои во соопштението.