Ѓоковиќ во новата сезона ќе влезе со тренер кој ќе биде големо име?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ планира да влезе во новата сезона припремен на најдобар можен начин.

Во овој момент шестиот играч на светот не учествуваше на Завршниот мастерс во Торино и тоа време го помина во Белград од каде што ги започна припремите за новата календарска година.

Изминатата не беше премногу успешна за српскиот ас, иако успеа да дојде до златото на Олимписките игри.

Во новата сезона, Ѓоковиќ ќе влезе и со нов тренер, а тоа го најави селекторот на Дејвис Куп на репрезентацијата на Србија Виктор Троицки.

„Мило ми е што Ѓоковиќ изјави дека самостојно тргнува со припремите за новата сезона. Се видовме накратко, а дури и слушнав дека планира нешто со некој нов тренер  со некое големо име. Не знам ништо за тоа. Тоа го слушнав вчера, не ми кажа Новак“, изјави Троицки.