Додека Романците чекаа на ладното време, Косовците јаделе пица во соблекувалната (ВИДЕО)

Последните меѓусебни натпревари меѓу Романија и Косово сериозно ја нарушија атмосферата меѓу двете репрезентации, нивните мечеви се полни со тензија, а кулминацијата се случи синоќа во Букурешт.

Натпреварот не се доигра, фудбалерите на Косово предвреме заминаа во соблекувалната поради тоа што романските навивачи извикуваа „Србија, Србија“.

Романските фудбалери долго време чекаа на теренот мечот да продолжи, но Косовците немаа намера да излезат од соблекувалната.

Тие веднаш ја донеле одлуката, па почнале да јадат пици и да пијат сокови. А кога заминале совлекувалната ја оставиле во облик на место за депонија.

Романските медиуми ја снимија состојбата на совлекувалната во која беа Косовците, снимките станаа вирални на социјалните мрежи.