Тенисер ќе плати казна од 120.000 долари поради пцовка кон судија

Американскиот тенисер Френсис Тиафо ќе мора да плати огромна парична казна поради неговото однесување на мастерсот во Шангај.

Тиафо не беше среќен со судиските одлуки на дуелот против Роман Сафиулин и го пцуеше судијата, па поради тоа ќе плати казна од 120.000 долари.

Според извештајот, Тиафо ќе плати 60.000 долари за навредите плус 60.000 долари за кршење на етичкиот кодекс.