„Бомба“ во европската кошарка: Итудис има нов клуб и ќе заработи 4,6 милиони евра

Еден од најпознатите кошаркарски тренери Димитрис Итудис стана тренер на Хапоел Тел Авив, а според „Јурохупс“ потпишал договор до крајот на 2027 година и ќе заработи 4,6 милиони евра.

Итудис ќе добие еден милион евра за актуелната сезона, а по 1,8 милиони евра за следните две сезони со екипата на Хапоел.

Хапоел во моментов има пет победи и три порази во Еврокупот, но амбициите на тимот се јасни, односно сакаат трофеј и влез во Евролигата.

Итудис во клубот треба да донесе поголема дисциплина, тактичка прецизност и победнички менталитет.