Јувентус ќе заштеди 30 милиони евра со заминувањето на Погба

Францускиот фудбалер Пол Погба во март повторно ќе се врати на теренот откако ќе му заврши суспензијата, а како слободен агент ќе може да бара нов тим за неговата иднина.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус со прекинот на соработката на францускиот фудбалер ќе заштеди дури 30 милиони евра.

Јувентус повеќе не смета на Погба, кој не е во плановите на клубот, па дефинитивно ќе го гледаме во дрес на друг тим во иднина.