Битола се подготвува за нов спектакл: Пелистер и Шкендија ќе играат под рефлектори

По дербито кое беше вистински спектакл во Битола помеѓу Вардар и Пелистер во овој град се подготвува нов.

Имено, натпреварот против Шкендија на 24 ноември повторно ќе се игра под рефлектори.

Тетовскиот клуб ќе гостува на „Петар Милошевски“ во терминот од 17:00 часот.

Претходно натпреварот помеѓу Вардар и Пелистер беше прв под рефлектори кој се одиграл во Битола.

„Следниот домашен натпревар против екипата на Шкендија, ќе се одигра под рефлектори, односно на 24.11.2024 во 17:00 часот нека биде празник на фудбалот повторно!“, објави Пелистер.