Димитријевиќ потврди: Нема да играм на мечот против Литванија во Скопје!
Популарниот Нено поради обврски со италијанскиот Милано во Евролигата, нема да може да настапи на средбата во СРЦ „Кале“, иако беше вклучен во списокот на селекторот Александар Јончевски.
„Нема да играм на првиот меч. Истиот ден играме против Макаби во Евролигата и нема да можам да бидам на натпреварот во Скопје. Се надевам дека ќе победиме,“ изјави Димитријевиќ за „Спорт клуб“.
Иако неговото учество во реваншот против Литванија на 24 ноември останува неизвесно, сепак, постои можност Милано да му даде дозвола, бидејќи тој ден не е предвиден за евролигашки настап. Нашиот национален тим, дополнително, ќе биде ослабена и поради недостигот на Ти Џеј Шортс, кој исто така има обврски со тимот на Париз во Евролигата.