Македонските фудбалери денеска ги стартуваат подготовките за двата последните натпревари во Лигата на Нации кои ќе ги играме на домашен терен.

На 14 ноември во Скопје ќе гостува селекцијата на Летонија, додека три дена подоцна ќе бидеме домаќини на Фарски Острови. Во двата натпревари ќе ја имаме фаворитската улога и очекувањата се да ја потврдиме првата позиција на која што сме во овој момент.

На табелата Македонија има 10 бода, а зад се Ермениај и Летонија со по четири, Фарски Острови се последни со три освоени бодови.

Билетите за двете средби од денеска се пуштени во продажба по цена од 200 и 400 денари.