Скандал во хрватската кошарка: Општа тепачка во „домот“ на Дражен Петровиќ (ВИДЕО)
Дојде до тежок инцидент кој го почна Јосип Јукиќ од домашниот и Карло Микшиќ од гостинскиот тим. Почнаа со туркање и фаќање за врат, но брзо потоа почнаа да си разменуваат удари, па се вклучија и останатите играчи од двете екипи. Во општото туркање, групата дојде блиску до трибината што беше можност и гледачите од првите редови да удрат по некој бокс или шлаканица по гостинските кошаркари.
Шибенка е матичен клуб на еден од најголемите светски кошаркари Дражен Петровиќ, а салата Балдекин во Шибеник место каде почна неговата професионална кариера. Иако постои повеќе од половина век и била сведок на многу големи натпревари на домашна и меѓународна сцена, оваа сала никогаш не видела ваков скандал.