Ракометар на Пелистер стави крај на репрезентативната кариера!
Тој се прости од националниот дрес пред почетокот на првиот квалификациски натпревар за Европското првенство во 2026 година против Летонија, кој заврши со победа на Србија од 38-25. Во својата репрезентативна кариера, 36-годишниот Абутовиќ одигра 55 натпревари и постигна 22 гола.
„Од најмладите ракометни денови сонував да играм за репрезентацијата на Србија и го остварив тој сон. Голема чест и одговорност беше да се носи националниот дрес. Благодарност до сите соиграчи, тренери, членови на стручниот штаб, медицинскиот тим и сите кои беа дел од мојот пат. Иако повеќе нема да бидам активен на теренот, ќе останам еден од најголемите поддржувачи на ’орлите’ надвор од него. На мене секогаш може да сметате“, изјави Абутовиќ.
Српскиот ветеран сезонава настапува во дресот на Пелистер.