Каков Халанд: Шведската гол-машина го засени Норвежанецот!

Maнчестер Сити во текот на изминатата недела претрпе дури три порази од Тотнем во Лига Купот, потоа од Бурмот во Премиер лигата и вчера од Спортинг во Лигата на шампионите.

Португалскиот гигант славеше со 4-1 во вчерашниот натпревар во Лисабон, а хет-трик постигна Швеѓанецот Виктор Ѓекереш. За напаѓачот на Спортинг и онака владее голем интерес во европскиот фудбал и го следат повеќе гиганти и со вчерашниот настап сигурно само дополнително си ја зголеми ццената.

По настапот на Ѓекереш неговите бројки ги истакнаа од Фудбалската федераија на Шведска од каде што објавија констатација на УЕФА од претходно за Ѓекереш и Халанд.

УЕФА пред натпреварот објави дека Ѓекереш има 22 гола сезонава во сите натпревари, а Халанд 17, но по натпреварот Швеѓанецот дојде до бројката од 25 погодоци.