Герила акција на Комити против Седлоски: Не забораваме, не простуваме!

Во сабота од 13 часот на Градски, Вардар го пречекува Шкупи во рамките од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а на овој натпревар треба да дебитира Гоце Седлоски на клупата на црвено-црните.

Навивачката група на Вардар, Комити е бесна поради назначувањето на Седлоски за нов тренер на тимот, тие децидно кажаа дека не сакаат тој да го води тимот.

Сега излегоа со објава дека во сабота засекогаш ќе му го покажат излезот од градскиот стадион.

Комити најавуваат пекол за поранешниот тренер на Шкупи кој сега го презема Вардар.

„Седло еве ти ги стварите и марш назад кај другарите“, му порачаа Комити на Седло, а во позадина се гледаат шалови од навивачката група на Шкупи, Шверцери.