Миовски одигра уште еден натпревар без да постигне гол за Жирона!

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски уште чека деби гол во големо натпреварување, поради големиот број на повредени фудбалери тој често е во составот, но никако да постигне погодок.

Откако даде два гола во Купот на Шпанија против тим во понизок ранг, се веруваше дека проклетството е прекинато, самодовербата му е зголемена и Миовски ќе почне да ги тресе мрежите, но тоа не е случај.

Денеска беше стартер во мечот од Лигата на шампионите против ПСВ, но одигра уште една бледа партија.

Во воведниот дел од натпреварот Миовски се најде во одлична шанса, но од идеална позиција успеа да ја погоди само стативата од голот на ПСВ.

Имаше и еден контроверзен момент на мечот во кој главен актер беше Миовски. Во судиското продолжение од првиот дел судијата Мајкл Оливер не свирна пенал за Жирона иако Македонецот кој прв дојде до топката беше удрен од домашен фудбалер.

Миовски беше поништен од игра во 67. минута од натпреварот.