Поради бизарен автогол отворена истрага за наместен натпревар (ВИДЕО)

Шведскиот фудбалски сојуз отвори истрага поради натпреварот во третата лига помеѓу Ескилстун и Стоксунд кој домаќинот го доби со 5-4.

На овој натпревар се постигнаа дури три автогола, но еден е посебно бизарен и тој е најголемата причина поради што постојат сомнежи за нерегуларности.
Станува збор за голот за водство од 5-1 на домаќините.

Прво голманот ја испушти топката од раце, а дефанзивецот потоа си ја смести во сопствената мрежа.

Навивачите шпекулираат дека во прашање е договор поради обложувалници за поголем број голови во натпреварот. Исто така домаќинот со овој триумф дојде блиску до обезбедување на опстанок во првенството.

Allegations of matchfixing in the swedish third tier after game between AFC Eskilstuna and IFK Stocksund ended 5-4 after 3 own goals, including this beauty. The player in black is defending.
byu/WTF_HHCIB insoccer