Митрогол растура - хет трик во азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ е најзаслужен за новата победа на Ал Хилал во азиската Лига на шампиони.

Првакот на Саудиска Арабија вечерва го совлада Естегал од Иран со 3-0, а сите три гола беа дело на напаѓачот. Резултатот го отвори во 15. минута, потоа погоди во 33., а точка стави во 74. минута.

Ал Хилал, заедно со Ал Ахли е на чело на табалата во Лигата на шампионите со максимален ефект и со дури 16 гола по првите четири кола.