Аморим добива (не)очекувано засилување на стартот во Јунајтед
Аморим има големи амбиции со „црвените ѓаволи“, а уште на самиот старт на авантурата на „Олд Трафорд“ ќе добие (не)очекувано засилување затоа што на тренинг се враќа англискиот репрезентативец Мејсон Маунт.
Маунт по доаѓањето од Челси не се прослави затоа што често беше повреден, но сега е подготвен да се врати во акција и без сомнеж ќе биде добредојден за Аморим.