Зверев го „нокаутира“ Умбер и го освои трофејот во Париз

Германскиот тенисер Александер Зверев славеше против Уго Умбер со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-2 со што го освои пехарот во Париз.

Французинот не можеше да му парира на разиграниот Зверев, кој за само еден час и 16 минути стигне до пехарот.

Зверев додаде нови бодови на АТП-листата со триумфот во Париз, па така од понеделник ќе биде на второто место.