Ферстапен ја нападна ФИА: Ова е с*ање!
Ферстапен притоа ѝ се налути на ФИА поради еден момент во вториот дел од квалификациите, кога несреќно испадна откако претходно Ленс Строл излета од патеката.
ФИА дозволи дел од возачите да ги завршат своите кругови, односно дозволи околу 40-50 секунди пред да покаже црвено знаменце, а тоа го налути Ферстапен зашто не доби шанса да вози до крајот.
„Ако болид удри во ѕид, треба веднаш да се даде црвено знаменце. Ова е с*ање. Не разбирам зошто се потребни 30-40 секунди за таков потег“, кажа Ферстапен.
Трката за Големата награда на Бразил се очекува да почне во 16.30 часот.