Зверев го победи Руне и обезбеди финале во Париз

Германецот, Александар Зверев е првиот финалист на АТП мастерсот во Париз.

жЗверев во првото полуфинале без проблеми со 2:0 во сетови го совлада Данецот Холгер Руне со 7-5 и 6-3.

Противник на Зверев во финалето ќе му биде подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу домашниот тенисер Иго Умбер и Русинот Карен Хачанов.