Јокиќ одново блескаше, но и промаши шут за продолжение во поразот од Минесота (ВИДЕО)

Кошаркарите на Минесота тимбервулвс славеа против Денвер Нагетс (119-116) во синоќешното дерби во НБА лигата, откако Никола Јокиќ промаши тежок шут за тројка во последната секунда, која можеше да донесе продолженија за гостинот.

Со ова, „волците“ се радуваа на крајот по серија пресврти во последната четвртина. Србинот имаше уште една блескава партија со 26 поени, девет скокови и 13 асистенции, само еден скок од нов трипл-дабл. Арон Гордон беше најдобар кај Денвер со 31 поен и 11 скокови, додека Мајкл Портер Џуниор постигна 26 поени, а Кристијан Браун заврши со 14 поени и седум скокови. Минесота ја предводеше Ентони Едвардс со 29 поени, а значаен придонес имаше и Руди Гобер со 17 поени, 14 скокови и одлична одбрана. Со последните поени и успешната одбрана на крајот, Гобер го обезбеди триумфот за Минесота.

Мечот започна со изедначена игра, иако во првата четвртина Јокиќ не постигна поен, но оствари пет асистенции. Минесота стекна водство од плус 16 во втората четвртина, но Денвер не се предаде и се врати во игра, иако остана без Џамал Мареј по судир со Џулиус Рендл, поради кој тој го напушти теренот поради можен потрес на мозокот. Денвер успеа да направи пресврт со серија од 12-1 и да поведе со десет разлика, но Минесота повторно се врати во игра. Со клучни тројки од Александар-Вокер и Едвардс, Минесота успеа да ја преземе иницијативата и на крајот го задржа водството.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Бостон 109-124, Кливленд – Орландо 120-109, Детроит – Њујорк 98-128, Атланта – Сакраменто 115-123, Бруклин – Чикаго 120-112, Торонто – ЛА Лејкерс 125-131, Њу Орлеанс – Индијана 125-118, Минесота – Денвер 119-116, Портланд – Оклахома 114-137.