Атлетико немаше милост: Доживотно суспендираше девет свои навивачи
Во текот на натпреварот помеѓу Атлетико и Реал Мадрид во Примера на 29 септември на трибината на ултрасите на „јорганџиите“ била внесена пиротехника, но исто така клубот беше казнет за недолично однесување на фановите.
Неколку дена подоцна на 2 октомври на гостувањето кај Бенфика Атлетико повторно беше казнет за однесувањето на своите навивачи. Сето ова доведе до тоа Атлетико да отвори сопствена истрага и на крајот да изрече казна од доживотна забрана на девет свои навивачи.