Официјално: Рубен Аморим потпиша за Манчестер јунајтед!

Англискиот гигант Манчестер јунајтед ги договори сите детали со Спортинг Лисабон и денеска официјално го потврди доаѓањето на португалскиот тренер Рубен Аморим.

Аморим неодамна ја прифати понудата од премиерлигашот на чие кормило ќе седне на 11 ноември за време на репрезентативната пауза, додека своето деби ќе го има на 24 ноември против Ипсвич.

Португалецот ставил потпис на договор со „ѓаволите“ до јуни 2027 година, но има опција да ја продолжи соработката на уште една година.

Спортинг Лисабон задоволно „трие раце“ од договорот со Манчестер јунајтед затоа што ќе добие 11 милиони евра како компензација.