Римските клубови успешни: Рома ја прекина серијата без триумф, Лацио пукна „петарда“ во Комо (ВИДЕО)

Двата римски клуба Рома и Торино остварија победи со кои го заклучија десеттото коло од Серија А.

Рома го победи Торино со 1-0 и ја прекина серијата од три натпревари без триумф, а со тоа и се симна притисокот од плеќите на тренерот Иван Јуриќ. Стрелец на единствениот гол беше Пауло Дибала во 20. минута од мечот.

Лацио го прегази Комо со 5-1 како гостин за четврта победа во последните пет кола и вкупно шеста сезонава. Кастељанос и Педри погодија за 2-0 во првото полувреме, а во второто уште три гола за Лацио, дело на Патрик, повторно Кастељанос и Чаума. Единствениот погодок за Комо беше дело на Мацители, а двата тима го завршија натпреварот со десет играчи.