Триумфално селфи од соблекувалната на Пелистер: За нас, за Битола, за Македонија! (ФОТО)

По цели 19 години, Пелистер дочека победа во ракометната Лига на шампиони откако денеска го совлада данскиот првак Фредериција и тоа како гостин.

Сега битолскиот тим е на шестото место во својата група, позиција која води во плејофот и ако успее да остане таму, ќе може да се надева на пласман во нокаут фза од елитното натпреварување.

Долгогочекуваниот триумф предизвика еуфорија во соблекувалната на Пелистер од каде излезе и фотографијата со порака за Битола и за Македонија.