Клоп: Фудбалерите како Рамос ги бркав од моите екипи!
Клоп не може да се помири со финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) во 2018 година кое го загуби Ливерпул со 1-3 од Реал Мадрид, откако Рамос го повреди Мохамед Салах.
„Ако тоа повторно го погледнете, а не сте навивач на Реал, ќе видите дека беше безобразно. Рамос беше брутален, не мислам дека Салах би се повредил во таква ситуација, но тогаш немаше среќа. Не го разбирам менталитетот на Серхио, никогаш не сум тренирал такви фудбалери. Кога ќе забележев таков фудбалер, го бркав од мојот тим“, кажа Клоп.