Младиот Фирмин Лопез не мрда од Барса, стави потпис на договор до 2029 година

Барселона потврди дека потпиша нов договор со Фирмин Лопез според кој фудбалерот ќе остане во каталонскиот клуб до 2029 година.

21-годишниот Фирмин Лопез е еден од дијамантите на Барселона, тој настапува на позицијата централен играч за врска, но може да покрие повеќе позиции на теренот.

Лопез оваа сезона има шест настапи за Барселона откако се врати по повреда и главно влегуваше од клупата. Вкупно во првиот тим на Барса има 48 натпревари на кои постигна 11 гола и забележа три асистенции.