Синот на легендарниот Самуел Ето дебитираше со гол за Рајо (ВИДЕО)

Легендарниот Самуел Ето зад себе оствари голема кариера и ќе остане запаметен како еден од најдобрите голгетери, а вчера одлично деби за првиот тим на Рајо имаше неговиот син Етјен.

Етјен Ето дебитираше во натпреварот од Копа Дел Реј во кој Рајо Ваљекано играше со нисколигашот Виљамуриел (0-5) и во тој натпревар и се запиша во листата на стрелци.

Синот на Ето со 22 години е член на вториот тим на Рајо Ваљекано и зад себе веќе има настапи за младинската репрезентација на Камерун, иако е роден во Мајорка.

Во јуниорскиоте категории го носеше дресот на: Мајорка, Атлетико, Овиедо и Гимараиш, а во Рајо пристигна летово.