Големата поплава ќе го одложи мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид?

Валенсија е погодена од голема поплава, поради која животот го загубија над 50 лица, а притоа водата ги „парализира“ патиштата во регионот.

Катастрофата ја натера шпанската Ла Лига да размисли за одложување на дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој беше закажан за сабота од 21 часот.

Шпанските медиуми пишуваат дека се очекуваат нови дождови во петок и сабота, па сè поверојатно е дека натпреварот ќе биде одложен.