Нова магија на Јокиќ - асистенција преку цел терен како да изведува фудбалски аут (ВИДЕО)

Денвер Нагетс доживеа убедлив пораз на стартот на новата сезона во НБА, а повторно една од ретките светли точки беше Никола Јокиќ.

Не само што оствари трипл дабл, туку со неколку потези ја крена публиката на нозе и и приреди ретки моменти на задоволство.

Најатрактивен меѓу нив беше оној од почетокот на мечот кога додавања во стил на изведување фудбалски аут го проигра Ерон Гордон, а овој без проблем поентираше за водство од 9-5 во тие моменти.